ЧПП

Одговори на најчесто поствувани прашања

Која е цената на испорака?

Сите пратки нарачани и доставени на територија на Град Скопје се бесплатни.

Кој е начинот на плаќање?

Сите физички лица можат да извршат онлајн плаќање на својата нарачка со користење на кредитна картичка. Правните лица имаат опција плаќањето на нарачката да извршат со користење на кредитна картичка или преку банкарски трансфер, по уредно доставена про-фактура/фактура.

Кое е времето на достава?

Сите нарачки примени до 10.00 часот ќе бидат доставени во текот на истиот работен ден, додека нарачките примени после 10.00 часот ќе бидат доставени следниот работен ден.

Нарачките примени за време на викенд или државен празник ќе бидат доставени следниот работен ден.

Колку се безбедни моите податоци?

dostavi.mk (СВ Компани) обрнува големо внимание при собирање, чување и обработка на личните податоци на Корисниците, со добра волја, во насока на добро утврдени, јасни цели и во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Македонија и други соодветни закони, доколку се работи за таков случај. Во таа смисла, dostavi.mk (СВ Компани) ги презема сите соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци на Корисници од случајно или незаконско уништување, губење, менување, откривање или неовластен пристап.

Дали ќе добијам сметка / фактура за мојата нарачка?

Да. Веднаш по онлајн уплатата ќе добиете потврда за успешна трансакција од Вашата банка. Доколку плаќањето се врши со банкарски транфер ќе добиете уредна фактура.

Вашата порака