Пакет од 12 шишиња од 0.5 литри. Го споивме корисното, потребното и убавото во едно, исоздадовме вода збогатена со функционални додатоци и витамини, која позитивно влијае на човечкиот организам.
Богатство на минерали – Природната минерална вода Dobra Vodaучествува во составот на овие производи со 95%.
Функционални додатоци – Полезно делуваат на вашето тело, ум и здравје. Ѓумбирот со својот смирувачки ефект релаксира, ослободува од напнатост и позитивно влијае на имунолошкиот систем, додека гуараната и женшенот, како природни извори на енергија, даваат чувство на свежина преку целиот ден, подобрувајќи го вашиот ментален и физички капацитет. Природниот екстракт од алое вера со совојот богат нутритивен состав го балансира дигестивниот систем и помага во зајакнувањето на имунолошкиот систем.
Витамини – Со испиени 0,5L на ден внесувате 75% од препорачаниот дневен внес на витамини од групата Б (нијацин, пантотенска киселина, витамин Б6, фолна киселина, биотин и витамин Б12), кои позитивно влијаат на концентрацијата, ја стимулираат циркулацијата, го намалуваат заморот и ги спречуваат напнатоста, депресијата и анемијата.
Малку калории – Благодарение на природниот овошен шеќер (фруктоза), Dobra Voda active, Dobra Voda wellness и Dobra Voda balance имаат ниска енергетска вредност од само 18,2 kcal/100ml (Dobra Voda active), т.е. 18,4 kcal/100ml (Dobra Voda wellness) и 16,1 kcal/100ml (Dobra Voda balance). Фруктозата е природен овошен шеќер со трипати понизок гликемиски индекс од обичниот шеќер (сахароза), што значи побавна апсорпција на јаглехидратите и помало покачување на шеќерот во крвта.
Без конзерванси – Dobra Voda active, Dobra Voda wellness и Dobra Voda balance не содржат конзерванси во својот состав, што ги прави исклучително здрави за вашиот организам.
Сродни производи
Вода